ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД

ЗА ПОВЕДУВАЊЕ ПОСТАПКА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ИЗ ОД 07.03.2024; И НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА ДРУГИ ПОДЗАКОНСКИ АКТИ НА ДИК ЗА ИЗБОРИТЕ 2024 г

Ве известувамe дека на ден 14.03.2024 година, подносителите: ,,група избирачи“ Ана Бобинкова Мијаковска Независна листа на кандидати за пратеници во ИЕ 1 и Зоран Петковски, поднесовме Иницијатива до Уставен суд за поведување постапка за оценување на уставноста на Изборниот законик, Законот за дополнување и изменување на изборниот законик од 07.03.2024 г. и други подзаконски акти на ДИК за изборите 2024 г., одредби и членови за кои бараме ЦЕЛОСНО УКИНУВАЊЕ /ПОНИШТУВАЊЕ, како и членови и одредби во делот во кој се неуставни и незаконити.

Оспорените членови, ставови, одредби во истата ГО ОНЕВОЗМОЖУВААТ ОСТВАРУВАЊЕТО НА ОСНОВНИТЕ СЛОБОДИ И ЧОВЕКОВИ ПРАВА КОИ СЕ УСТАВНИ КАКО И НА УСТАВНОТО ИЗБИРАЧКО ПРАВО НА СУВЕРЕНИТЕ, ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Тие СЕ ВО ДИРЕКТНА СПРОТИВНОСТ НА ОДРЕДБИТЕ И ЧЛЕНОВИТЕ за основните одредби, темелните вредности , основните слободи и права на човекот и граѓанинот и гаранции за остварување на истите, еднаквоста на избирачкото право, слобода на мисла и говор, забранета цензура, рамноправно учество на граѓаните во претставничкиот орган на државата и носител на законодавната власт, Собранието: 1, 2, 8, 16, 20, 22, 23, 24, 32, 50, 51, 54, 61, 62, Амандман XVII ОД УСТАВОТ НА РМ и дека законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Постојниот Изборен законик не може да ја уреди оваа најважна и суштествена материја на правата на суверените и избирачкото право, ставајќи ги во нерамноправна положба и нееднаквост на избирачкото право. Особено, со одредбите/членовите на ИЗ кои се однесуваат на предлагањето кандидати, подносители на листи со собирањето потписи и друго во тој дел.

Затоа бараме членовите 59, 61, 62, 63 и 64 целосно да се укинат или поништат, како и ставот 4 од членот 65, поради неуставноста и дискриминацијата, со кои не е возможна еднаквоста на избирачкото право и на гласот, и оставаат простор за уште поголемо кршење и оневозможување на непречено остварување на тоа право.

Еднаквоста на гласот, примарно е оневозможена со самиот пропорционален изборен модел, за избирање на пратеници и советници: 6 изборни единици, затворени листи и изборен праг ( чл. 4, ставовите 2,3, 4, 5, 6, 8 од ИЗ) како и сите овие одредби за кои се произнесуваме како за неуставни и за кои бараме проценка на нивната уставност во оваа Иницијатива пред Уставниот суд.

Сите овие неуставни членови и одредби се во противречност со уставното право да избира и да биде избран, Член 6 (1) Право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот.

Со оспорените членови и одредби, државјанинот на РМ воопшто не може да се квалификува, да биде потврден за учесник на изборите: да биде биран. Со самото тоа не може да го оствари своето право од членовите 6 и 7, да се кандидира за овие позиции во државните органи.

Независните кандидати поддржани од група избирачи се исклучени од тоа право, на еднаквост на избирачкото право, кое со членовите и одредбите за собирање потписи, како и членовите за медиумско информирање за независните кандидати, им е прекршено и се спречени рамноправо да учествуваат во изборниот процес, да се кандидираат со свои независни листи предложени од група избирачи и без собирање на потписи, кои се всушност оспорените одредби од ИЗ и од другите наведени подзаконски акти, за кои основано може да се постави прашање за согласноста на наведените одредби од Изборниот законик со изнесените уставни одредби.

До донесувањето на конечната одлука на Уставниот суд, ПРЕДЛАГАМЕ, исто така, ДА ДОНЕСЕ Решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспоруваните како неуставни и незаконити одредби од членовите на Изборниот законик и другите подзаконски акти како што е наведено и прецизирано во Иницијативата, поради предизвикувањето на штетни дејства и последици поради организирање на неуставни, недемократски, неслободни и нефер избори, до конечната одлука на Уставниот суд по оваа Иницијатива.

Без тоа, се доведува во прашање легитимитетот на изборите по основ на уставноста и законитоста која што е определена со Закон и Устав.

Како подносители и иницијатори на оваа Иницијатива сè уште остануваме во изборниот процес под уставните одредби кои ни ја гарантираат еднаквоста на избирачкото право и еднаквоста на гласот на секој граѓанин суверен Член 22 од Уставот: Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори и член 23 Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, член 20 став 1 и Член 51 од Уставот, а коешто е прекршено со наведените неуставни одредби. Со тие оспорувани одредби, изборите се антиуставни и незаконски.

Оттука бараме ЦЕЛОСНО ДА СЕ УКИНАТ/ПОНИШТАТ И:

– Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите Бp. 08-563/1 од 20.02.2024 година, на Државната изборна комисија.

– Посебно појаснување Бp.08-563/2 од 20.02.2024 година, на Државната изборна копмисија.

– Упатството Број 08-489/1 од 15.02.2024 година, на Државната изборна комисија.

– ДА СЕ УКИНЕ ИЛИ ПОНИШТИ Законот за изменување и дополнување на изборниот законик донесен по скратена постапка, од Собранието на ден 07.03. 2024 г. со архивски број 08-1852/1, по предлог на пратениците предлагачи: Мартин Костовски, Арбер Адеми, Атнан Незири, Никола Мицевски,

ВО ДЕЛОТ НА ИЗМЕНИТЕ И ОДРЕДБИТЕ кои ги изгласаа во најголем број пратениците на најголемите партии во позиција и опозиција, а кои би се применувале за следните избори, со кои прагот од досегашните 1.000 потписи се зголеми на 1 отсто од запишаните избирачи во конкретната изборна единица за кои се поднесува иницијативата.

– Членовите и одредбите кои пропшуваат постапка во врска со собрани потписи, а кои и самите ја рушат пропишаната постапка за собирање потписи, бидејќи се противречни со истата: замена на починат кандидат или со невалидни податоци на утврдена листа со собрани потписи, со кандидат без да се собираат потписи, како и одредбите за отфлање на цела листа на предложени и утврден и кандидати, доколку се утврдат или не се исправат неправилностите во дадениот рок, во целост се неуставни и незаконити и во однос на постојниот ИЗ, бидејќи станува излишно собирањето потписи за листите и се потврдува дека е незаконито и неуставно собирањето на потписите, кои сами по себе немаат никаква важност доколку се отфрли целата листа за која избирачите ги дале своите валидни потписи, кои се прогласуваат за неважечки!?

На овој начин, се злоупотребува избирачкото право и дадените потписи на избирачите на официјална поднесена листа на независни кандидати за претседател и за пратеници. А, исто така, од друга страна, доколку на местото на починат кандидат за претседател или пратеник на поднесената листа на кандидати се стави друг кандидат, без собирање на потписи, со самото тоа се побиваат и рушат овие и така неуставни и оспорувани со Иницијативата одредби од ИЗ и др. подзаконски акти, бидејќи за некои кандидати е потребно да се собираат потписи, а за некои не е потребно да се собират потписи!?

А, тоа е веќе кршење на уставното начелото на рамноправност и еднаквост на избирачкото право, на еднаквото важење на Уставот и законите за сите, под исти услови, како и кршење на уставното начело на недискриминација по кој било основ.

– поголемиот број на ставови, одредби на Член 27 на ИЗ кои се однесуваат на Органите за спроведување на изборите, од кои прва е Државната изборна комисија и изборот на составот на Државната изборна комисија, според кои членовите на ДИК се бираат од редовите на парламентарните позициски и опозициски партии и не се непристрасни, ниту можат да споведуваат непристрасно изборен процес, како што и се покажува и во праксата и сега, во нашиот случај на подносители на листа ,,група избирачи“ Ана Бобинкова Мијаковска ( за којашто официјално поднесена листа за кандидати за пратеници за парламентарните избори 2024 г. не се известуваше ниту од ДИК ниту од медиумите дека е воопшто поднесена).

Наспроти тоа, членовите за организирање за спроведување на изборите треба да бидат неполитички назначени, не од партиите, а особено не од политичките партии од власта и опозицијата во Собранието, кои најмногу имаат интерес да останат во Собранието и да ги добијат изборите. Тие не се независни, зависат од политичките партии, а со тоа и не се непристрасни и како такви не можат да гарантираат слободни и фер избори и за остварување на оваа уставна и законска одредба.

Во услови кога имаме неодговорни и корумпирани пратеници, кои не одговараат пред никого, што е уставна празнина и врата за некотролирано поведение, самоволие и безвластие што ни се случува во континуитет, кои ги обесправуваат граѓаните и носат штетни одлуки, а од друга страна се пристрасни во одлучувањето, тие немаат легитимитет да одлучуваат исто така и за назначување и предлагање на членови на Изборната комисија.

Поради незаконитото постапување на Државната изборна комисија во процесот на собирањето потписи, а за што се доставени и претставки до ДИК и други инстанци со надлежности за изборните процеси и изборното право и одржување на слободни, фер и демократски избори, УШТЕ СЕГА, ИМА НЕПОБИТЕН ДОКАЗ И АРГУМЕНТ, СО КОЈ ГИ ОСПОРУВАМЕ ДОСЕГАШНИТЕ ИЗБОРНИ ДЕЈСТВА НА НАДЛЕЖНИОТ ДРЖАВЕН ОРГАН ДИК, СО КОИ СЕ ОСПОРУВААТ И САМИТЕ ИЗБОРИ И НИВНОТО ОДРЖУВАЊЕ, СЀ ДОДЕКА НЕ СЕ ПОСТАПИ ПО НАШИТЕ ПРЕТСТАВКИ И УСТАВНИОТ СУД ДА ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ОД ПО ОВАА ПОДНЕСЕНА ИНИЦИЈАТИВА.

– Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија Број 10-439/1 од 14.02.2024 година, на Државната изборна комисија.

– Платеното политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), кои треба да се регистрираат во ДИК, да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање обезбедени од Буџетот на Р. Македонија.

Ако според законот е бесплатно и без данок се за ДИК, зошто ДИК да плаќа за рекламирање и тоа од Буџетот на РМ (на граѓаните). Значи, граѓаните треба да плаќаат за изборите на кои тие, граѓаните, се неприкосновени и без нив немаат смисла изборите.

Дали треба демократските избори да се сведат на платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес, со што се урива достонството, некорумпираноста, чесноста и интегритетот на суверенот, кој треба да биде застапен, да му се достапни средставата за јавно информирање и да се обрати на јавноста и на избирачите, а на кои и самиот им припаѓа.

Всушност, овие одредби ја поттикнуваат корупцијата, недемократчноста, нееднаквоста, нечистата политичка борба и манипулација на суверените, за кои излегувањето на избори и целиот изборен процес и постапка е достоинствен чин кој треба да резултира со избирање на најдобрите кандидати, а не на најмоќните и на платежно најспособните.

* * *

Во насока на развивање на вистинските демократски вредности, а најпримарно низ самите изборни процеси, се и доставениите до Собранието Предлог закони за изменување на Изборниот законик од 2019 г. и Амандманите кон истите од 2022 г. ( во прилог кон Иницијативата), кои Собранието односно пратениците упорно не ги усвојуваат и не се прават измените на Изборниот законик за кои во повеќегодишна јавна, стручна и собраниска дебата, конференции и студии е апсолвирано дека се издржани и потребни за демократското ,,владеење на правото“ и за демократизацијата на изборите, а со тоа и на општеството и државата, наспроти беззаконието, корупцијата и криминалот кои сега владеат со нас и кои ги овоможува постојниот недемократски изборен систем и модел.

За таа цел е поднесено и Иницијативното барање од 14.11.2023 г. до Собранието, пратениците и други, чиј потписник е и Носителот на оваа Независна листа, ( во прилог кон Иницијативата) за донесување на овие изборни измени и да се применат и на Претседателските и на парламентарните избори 2024 година.

Кон Иницијативата ги доставивме:

– Претставка против дискриминациј и повреда на избирачкото право и барање за поддршка од 28.02.2024 г. до ДИК, ОБСЕ, Државната комисија за спречување корупција, Дирекција за спречување и заштита од дискриминација и др.

– Иницијативно барање за донесување на измените на изборниот законик и модел за една изборна единица, отворени листи, без праг од 14.11.2024 г. до Собранито, пратениците, надлежните Комисии во собранието, Претседателчит на РМ, ОБСЕ и др.

– Известување за поведување иницијатива за собирање потписи до ДИК, од 23.02.2024 г.

– Отворено писмо до пратениците, Собранието, ОБСЕ, медиумите и јавноста од 07.03.2024 г.

– Записници (4) за доставување на Образецот за собирање потписи за Независната листа до подрачните одделенија на ДИК во Центар, Карпош, К.Вода и Чаир на ИЕ 1

– Записници (2) за предавање на Образецот за собирање потписи за Независната листа

Како доказ исто така предлагаме Судот да направи Увид во Документацијата на ДИК.

С к о п ј е

15.03. 2024 г.