Основна суштина на постоење на локалната самоуправа е власта да биде поблиску до секој граѓанин и да стане сервис на народот. Локалната самоуправа би морала да биде првостепена власт на која ќе и припаднат сите надлежности, затоа во нашата програма главен акцент е децентрализацијата и зголемувањето на ингеренциите на локалните власти и начинот на кој тие се остваруваат.
Ние се залагаме сите документи поврзани со евиденција, сопственоста и дозволите за работа да се издаваат од страна на локалните власти по принцип на административна самопослуга или граѓаните да поднесуваат барање на шалтер во општината, а документите да се доставуваат на адреса или електронски на корисникот на документот во рок од 2 до 10 дена.
Локалните власти ќе имаат свои тимови кои по службена должност ќе ги регулираат катастарот и запишување на имотот во него.
Градоначалникот со својот тим во решавање на проблемите ќе ги вклучи граѓанските здруженија, како и волонтери по потреба.
Граѓанските здруженија ќе добијат пристап до сите информации од нивната сфера на дејствување.
Локалната самоуправа ќе го планира економскиот развој, ќе стимулира отварање на производствени погони и ќе креира клима за нови инвестиции и нови вработувања кои ќе го вратат животот во нормала,
Локалната самоуправа ќе го подржува разботењето и развојот на земјоделските здруженија и ќе формира тимови од ветеринари и агрономи за помош на земјоделското и сточарското производство.
Со пристапни цени на градежните дозволи и намалување на цените на комуналните давачки ќе се стимулира отварање на мали и средни препријатија.